Поврзете се со нас

Светски првенства

Жиру покажа две лица во првото полувреме: Се посрамоти од два метри, па го надмина рекордот на Анри (Видео)

Објавено

на

Името на Оливие Жиру со златни букви ќе биде запишано во историјата на францускиот фудбал, бидејќи искусниот голгетер денеска го надмина рекордот на Тјери Анри.

Напаѓачот на Милан стана најдобар стрелец во историјата на француската фудаблска репрезентација со денешниот гол во осминафиналето против Полска, кој пристигна откако претходно се посрамоти од два метри.

Жиру не го започна најдобро мечот и промаши празен гол за водство на „галските петли“, но пред крајот на првиот дел, не погреши по додавањето на Мбапе.

Килијан испрати точно додавање во шеснаесетникот, а иако оваа позиција беше потешка, Оливие погоди и покажа дека самодовербата не му е разнишана по почетното промашување.

Ова за Жиру беше 52-ри гол во францускиот дрес, па така изби на чело на вечната листа и зад себе го остави Тјери Анри (51).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни