Поврзете се со нас

Светски првенства

Жиру: Нема да му дозволиме на Меси да ја доживее најдобрата ноќ во животот

Објавено

на

Франција и Аргентина ќе се соочат во големото финале на СП во Катар, а двете репрезентации и фудбалските фанови со нетрпение ќе го очекуваат дербито закажано за во недела.

Оливие Жиру е еден од играчите кои се искачија на светскиот трон пред четири години, а како и тогаш, Франција ќе мора да ја откаже Аргентина, односно Лионел Меси од освојувањето на трофејот.

– Сакаме да победиме во финалето.

– Немаме намера да му овозможиме на Меси да ја доживее најдобрата ноќ во животот.

– Нашата цел е да освоиме уште една титула и ќе направиме се што можеме да го спречиме. Но, во тој тим не е само Меси, имаат одлични фудбалери и силен колектив, нема да биде лесно.

– Пред четири години го имавме Канте кој беше задолжен за Меси, сега не знам каков ќе биде планот, ќе видиме што ќе каже селекторот, – изјавил Жиру.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни