Поврзете се со нас

НБА

Жестока МВП битка: Јокиќ и Јанис влегоа во застрашувачки ритам (Видео)

Објавено

на

Со партиите во последно време, Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо полека се издвојуваат како главни кандидати за освојување на МВП титулата во регуларниот дел од сезоната, а ако се суди според изданијата кои ги нудат, битката ќе биде нависитна жестока.

Српскиот центар се обидува да дојде до третиот последователен МВП трофеј во НБА лигата, одличје кое дефинитивно е блиску до него и оваа натпреварувачка сезона во која сега стигна до 18-ти трипл-дабл.

Јокиќ рано утрово го забележа третиот трипл-дабл во низа на последните три натпревари и против Атланта запиша 14 поени, 18 скокови и 10 асистенции, што беше доволно да разигра еден од своите најдобри соиграчи.

Џамал Мареј доминираше на паркетот и беше најдобар поединец во победата на Денвер со 41 постигнат поен, што беше најдобро индивидуално издание во триумфот од 128:108.

Покрај Денвер, нова победа запиша и Милвоки над Мајами (123:115), а брутално добар повторно беше Јанис Адетокумбо кој исто така запиша трипл-дабл и мечот го заврши со 35 поени, 15 скокови и 11 асистенции.

НБА резултати:

Бруклин – Вашингтон 125:123
Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 131:126
Детроит – Феникс 110:116
Њујорк – ЛА Клиперс 128:134
Чикаго – Портланд 129:121
Милвоки – Мајами 123:115
Оклахома – Хјустон 153:121
Голден Стејт – Далас 119:113
Денвер – Атланта 128:108

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни