Поврзете се со нас

Шпанија

Замената на Димитриевски направи страшен кикс, Рајо настрада кај Алмерија (Видео)

Објавено

на

Тренерот Андони Ираола одлучи да го остави Столе Димитриевски на клупата за резерви и да му даде шанса на ветеранот Диего Лопез, но тоа се покажа како погрешен потег на денешното гостување на стадионот на Медитеранските игри.

Алмерија максимално профитираше од почетничката грешка која ја направи поранешниот голман на Реал Мадрид, бидејќи 40-годишниот чувар на мрежата со лош кикс кумуваше за првиот гол на домаќините уште во раната фаза.

Робертоне погоди за 1:0 и ги начна „пчеличките“ од Мадрид, а до крајот на првиот дел, кобни беа уште два корнери по кои домаќините постигнаа уште два гола.

Бабиќ и Туре стрелаа за убедливи 3:0 пред паузата на првиот дел и голема предност за Алмерија, која се покажа и како пресудна за многу важна победа, прва по четири порази во низа.

Во вториот дел, Рајо само успеа да го ублажи поразот со почесен гол од Катена, па со пораз од 3:1 се враќа во Мадрид пред малото градско дерби против Хетафе кое е на програмата наредното коло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни