Поврзете се со нас

СЕХА лига

Задар повторно ќе биде домаќин на завршниот турнир во СЕХА лигата

Објавено

на

Задар и оваа година ќе биде градот во кој ќе се одиграат завршните битки за пехарот во СЕХА лигата.

Оваа информација ја соопштија од регионалното натпреварување, а во истата се вели дека фајналфор турнирот ќе се одигра во Хрватска во периодот од 3 до 5 септември.

Во Задар секако место можат да обезбедат и нашите претставници Вардар и Еурофарм Пелистер, ама за да се случи тоа тие во четвртфиналните пресметки мора да бидат подобри од ППД Загреб, односно Мешков Брест.

Останатите парови за четврфиналето се: Мотор Запорожје-Татран Прешов и Нексе-Веспрем.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни