Поврзете се со нас

Меѓународни настани

Вудс: Во еден момент мислев дека ќе излезам од болница без една нога

Објавено

на

Тајгер Вудс до крајот на животот ќе ги чувствува последиците од сериозната сообраќајна несреќа, во која тој излета со својот автомобил од автопатот по кој се движел.

Легендарниот голфер имаше среќа да заврши без посериозни повреди, но во најновото интервју открил дека во еден момент помислил дека ќе остане без едната нога која настрадала најмногу во несреќата.

– Имаше еден момент во кој се појави можноста да излезам од болница без една нога.

– Среќен сум што не излезе така, а сега мојата реалност е дека можам да играм еден ден, а потоа следниот да одмарам.

– Никогаш веќе нема да играм како што сакам, тоа го прифатив. Единствено што жалам е дека нема да можам повторно да се искачам на Монт Еверест, тоа е завршена приказна за мене, – изјавил Вудс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни