Поврзете се со нас

Англија

„Волците“ не попуштаат пред Сити: Тој е наш играч, верувам ќе остане во екипата!

Објавено

на

foto: twitter.com/Wolves

Вулверхемптон е една од најнеактивните премиерлигашки екипи во овој летен преоден рок, екипа која остана без доста играчи, носители на играта во изминативе сезони, но и покрај тоа не се активираше на трансфер пазарот.

„Волците“ се уште во своите редови имаат квалитетни играчи кои се интересни за другите екипи, а токму таков е Матеус Нунес кој е трансфер желба на Манчестер Сити. „Граѓаните“ нудат голема сума на пари за неговите услуги, Вулвс засега ги одбива нападите што беше причина да играчот да стапи во штрајк и да бара да си замине.

Сепак ставот засега останува ист и менаџерот Гери О’Нил е убеден дека нема да има никаква промена, поточно играчот за врска ќе биде тука и по затварањето на преодниот рок.

-Тој не е со групата во моментов, негов избор. По понудата од Манчестер Сити, тој одлучи дека за него е најдобро да биде надвор од тимот. Јасна е политиката на клубот и начинот на кој се справуваме со вакви работи.

-Нунес и понатаму е наш играч, имаме уште многу долг договор со него и во овој момент целосно верувам дека тој ќе биде тука на втори септември. Тој дефинитивно не требаше да престане да тренира, но ќе гo задржам ставот за себе додека не зборувам со Матеус, порача О’Нил за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни