Поврзете се со нас

Македонија

ВМФЛ: Пелистер и Беса остварија сигурни победи, Арсими го совлада Детонит

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FC.PelisterBitola

Беса го чува првото место во Втората македонска фудбалска лига и е на добар пат да се промовира како прволигаш, но истото важи и за Пелистер кој игра во извонредна форма веќе неколку месеци.

Двата најдобри тимови во Втората лига запишаа нови победи и освоија лесни три бода ова попладне, а во прилог им одеше и тоа што Детонит загуби во дербито со Арсими со резутлат 2:1.

Беса на домашен терен немаше проблеми против Новаци и победи со по еден гол во двете полувремиња, погодоци на кои стрелци беа Албан Таипи и Изаир Емини.

Пелистер исто така славеше на домашен терен и без проблеми се справи со Каменица од Саса, пред се благодарение на добро отвореното второ полуреме во кое постигна два погодоци.

Љамчевски го отвори резултатот и донесе водство за фаворитот, а победата ја потврди Талевски во 83-та минута.

ВМФЛ резултати:
Беса – Новаци 2:0
Скопје – Кожуф 0:0
Охрид – Победа 1:0
Пелистер – Каменица Саса 2:0
Арсими – Детонит Плачковица 2:1
Башкими – Осогово 2:1
Тетекс – Беласица 1:2
Вардар Неготино – Караорман 2:0

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни