Поврзете се со нас

Македонија

ВМФЛ: Беса и Пелистер профитираа од киксот на Детонит

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FC.PelisterBitola

Денешната рунда во 22-то коло во Втората македонската фудбалска лига донесе добри вести за Беса и Пелистер, особено поради тоа што првиот пратител забележа пораз од Башкими.

Беса продолжува како првопласирана екипа во Втората лига и денеска немаше проблеми против Караорман над кого славеше со 3:0, а убедлива победа оставри и Пелистер.

Битолчани на домашен терен беа подобри од Вардар Неготино со 3:1, но далеку подобра вест беше онаа која пристигна од натпреварот меѓу Башкими и Детонит.

Тимот од Плачковица загуби на гостувањето со 1:0, а тоа е супер вест за Пелистер кој сега има шест бода повеќе од третопласираниот тим на табелата.

Исто толкава е разликата и меѓу Беса и Пелистер, со тоа што гостиварскиот тим има 57, а Пелистер 51 бод.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни