Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ донесе победа за Јувентус, залетаната Аталанта дојде до четвртото место во Серија А (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Екипата на Јувентус ја прекина лошата резултатска низа во Серија А и тоа со триумф над Лече од 2-1 во Торино.

„Бјанконерите“ немаа лигашки триумф од 1 април, поточно постот траеше повеќе од еден месец од пресметката со Аталанта. Трите важни бода за Јувентус ги донесе Влаховиќ, играч кој пак последен пат во Калчото стрелаше на 7 февруари на гостувањето во Салерно.

Што се однесува до денешниот тек на настаните, Паредес со погодок од слободен удар донесе водство за фаворитот во 15 минута. Веќе во 36 минута беше 1-1 откако ударот од 11 метри го реализираше Сесај, но во 41 Влаховиќ на асистенција на Костиќ донесе нова позитива за домаќините што на крајот се покажа како пресудна за победа.

Сега четата на Алегри има 63 бода и е на второто место на табелата.

Залетаната Аталанта пак дојде до третото славје во низа и тоа против Специја. Трумфот од 3-2 му овозможи на клубот од Бергамо да ги мине Интер, Милан и Рома на табелата, поточно да дојде до четвртата позиција која води во ЛШ.

На преоснататите пресметки Салернитана-Фиорентина 3-3 и Сампдорија-Торино 0-2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни