Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вирален хит: Реакцијата на Инѕаги за недосудениот пенал на Барса (Видео)

Објавено

на

Симоне Инѕаги ги преживува најризичните моменти како тренер на Интер, бидејќи изминатиов викенд беше на раб од отказ, а сега сигурно си купи уште неколку натпревари по големата победа која ја оствари неговиот тим.

Италијанскиот вицешампион успеа да слави победа над Барселона со минимални 1:0, но во моментите кога силно се бранеше во завршницата, имаше и еден контроверзен и сомнителен момент кој стана вирален хит и поради реакцијата на Симоне.

Чави бесно протестираше и бараше играње со рака од Дамфрис, а иако тоа беше очигледно, на крајот луѓето во ВАР собата и судијата Винчиќ не покажаа на белата точка.

Каталонците не можеа да поверуваат на епилогот, но во период кога навивачите на Интер се радуваат на одлуката од судиите, најмногу го споделуваат и видеото од Инѕаги.

Тренерот имаше урнебесна реакција пред да се прегледува ВАР снимката за потенцијален пенал, а неговите фацијални гримаси јасно укажуваа на тоа колку е загрижен од епилогот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни