Поврзете се со нас

Англија

Виери: Ако Кварацхелија замине во…

Објавено

на

Foto:twitter.com/en_sscnapoli

Наполи има фантастична сезона во која е многу блиску да дојде до пехарот во Серија А, а во исто време одлично напредува во Лигата на шампионите каде вечерва може да избори место меѓу осумте најдобри.

Еден од играчите кој има клучна улога за ваквите резултати е Квича Кварацхелија кој во својата прва сезона во Неапол покажа класа, асистира, дава голови, има директно влијание врз играта на неговата екипа и ако продолжи вака сигурно го очекува голем трансфер.

Сигурно многу тимови би сакале да го видат во своите редови, а според Кристијан Виери ако тој се реши за Манчестер Јунајтед тогаш ќе се вратат славните денови од времето на Џорџ Бест.

-Голот што го постигна (против Аталанта) беше лудило. Ако оди во Манчестер Јунајтед, ќе се вратат славните денови на Џорџ Бест. Кварацхелија е ист. Не можам да дочекам да го гледам Наполи во среда, -порача популарниот Бобо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни