Поврзете се со нас

СЕХА лига

Веспрем ќе ја брани титулата во СЕХА, Манасков со два гола против Мотор

Објавено

на

Екипата на Веспрем е вториот финалист во СЕХА лигата откако очекувано лесно се справи со Мотор Запорожје.

Избраниците на Момир Илиќ славеа со 36:29 против тимот од Запорожје и добија прилика да ја бранат титулата која ја освоија и минатата сезона.

По израмнетиот почеток на натпреварот, Веспрем ја презеде иницијативата во свои раце и до крајот на средбата го диктираше резултатот.

Најефикасен во таборот на унгарскиот тим беше Гаспер Маргуч кој постигна девет гола, додека Србинот, Петар Ненадиќ запиша седум. Нашиот репрезентативец Дејан Манасков запиша половичен учинок со два погодоци од четири обиди.

Во финалето Веспрем ќе се соочи со ППД Загреб кој претходно го совлада Мешков Брест.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни