Поврзете се со нас

НБА

Вембенјама испорача невидена партија во НБА лигата, Сан Антонио и Филаделфија одиграа трилер за паметење (Видео)

Објавено

на

Виктор Вембенјама беше најавуван како огромно засилување за НБА лигата уште пред минатогодишниот драфт, а мора да се напомене дека најавите се остварија и Французинот игра неверојатна кошарка во својата прва професионална сезона во Америка.

Популарниот Вемби рано утрово испорача невидена партија во најсилната кошаркарска лига во светот и стана првиот играч во историјата која забележал над 30 поени, над 15 скокови, над 5 асистенции, над 5 блока и над 5 тројки на еден натпревар во НБА лигата, но за жал и тоа не беше доволно Сан Антонио да запише 20-та сезонска победа.

Спарси прокоцкаа предност од 10 поени во последната четвртина, но имаа и два поени предност на четири секунди пред крајот, но не успеаја да се одбранат и Тајрис Макси погоди за 111:111.

Токму Макси беше херој на „сиксерси“ и најдобар поединец за гостите на натпреварот на кој се играа две продолженија, а по кои Филаделфија победи со 126:133.

Макси го заврши мечот со 52 поени зад своето име и постави личен рекорд, додека Вемби својата историска партија ја заврши со 33 поени, 18 скокови, 6 асистенции, 7 блокади и 5 тројки.

НБА резултати:
Индијана – Мајами 117:115
Бостон – Портланд 124:107
Шарлот – Оклахома 118:121
Орландо – Чикаго 113:98
Феникс – Њу Орлеанс 105:113
Торонто – Вашингтон 130:122
Милвоки – Њујорк 109:122
Сан Антонио – Филаделфија 126:133
Бруклин – Сакраменто 77:107
Голден Стејт – Јута 118:110
ЛА Лејкерс – Минесота 117:127

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни