Поврзете се со нас

НБА

Вембанјама му се закани на „дрим тимот“ пред ЛОИ: Одиме по златото во Париз!

Објавено

на

НБА фановите со нетрпение ја очекуваат дебитантската сезона на Виктор Вембанјама, а Французинот уште отсега најави дека ќе биде дел и од олимпискиот турнир следната година.

Париз и Франција се организатори на ЛОИ 2024, а Французите ќе можат на домашен терен да го поправат впечатокот по катастрофалниот настап на последното Светско првенство.

За разлика од мундијалот, првиот пик на НБА драфтот вели дека ќе настапува на Олимпијадата и му се закани на „дрим-тимот“.

– Нашата единстена амбиција е златото. Успехот на Олимпијадата би бил историски подвиг, секако дека ќе бидам дел од националниот тим.

– Настапот на СП беше разочарување, но не сум загрижен, мислам дека овие резултати не се вистински показател за квалитетот и нема да ни пречат да дојдеме до позитивен резултат следната година, – рекол Вембанјама кој ќе настапува за Сан Антонио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни