Поврзете се со нас

Свет

Велшаните испратија дома тројца репрезентативци, соиграч на Алиоски ја откри причината

Објавено

на

Тројца репрезентативци на Велс биле ослободени од обврските кон националниот тим, откако ги прекршиле правилата предвидени со протоколите за заштита од коронавирусот.

Се работи за триото: Хал Робсон-Кану, Раби Матондо и Тајлер Робертс, а Велшаните не објавија кои се конкретните причини за одлуката.

– Тројцата фудбалери ќе се вратат во своите клубови во текот на денот. Федерацијата нема да ја коментира ситуацијата, – стои во соопштението на Велшката фудбалска федерација.

Робертс кој му е соиграч на нашиот Алиоски во Лидс индиректно откри каков прекршок направил со колегите.

– Разочаран сум што ќе го напуштам репрезентативниот камп порано, но правила се правила и не требаше да останеме во група во хотелот, подоцна од договореното време. Им се извинувам на соиграчите, федерацијата и навивачите, – изјави денеска Робертс.

Репрезентацијата на Велс се подготвува за утрешниот квалификациски дуел со Чешка, кој ќе се игра во Кардиф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни