Поврзете се со нас

АТП

Вавринка се појави во Бања Лука и прогнозираше кој ќе биде најголем на сите времиња

Објавено

на

Foto:instagram.com/stanwawrinka85

Станислас Вавринка е една од големите тениски ѕвезди кои добија специјална покана за турнирот кој ќе се одржи во Бања Лука, а распоредот и ждрепката најавија негова можна пресметка со Новак Ѓоковиќ уште во втората рунда.

Србинот е главен промотор на турнирот во Босна и важи за коорганизатор на истиот, па по негово барање, Вавринка ја прифатил поканата и годинава ќе биде дел од големиот настан.

Во разговор за тамошните медиуми, Вавринка добил прашање и за „најголемиот на сите времиња“, па иако се обидел да биде резервиран поради својата блискост со Рожер Федерер, сепак нагласил дека Ноле најверојатно ќе биде најдобар ако се гледаат сите параметри.

– Морам прво во воведното коло да победам млад Французин, а потоа ќе мислам на Ѓоковиќ. Се надевам дека ќе победам и дека тогаш ќе можам да зборувам за Новак.

– Најдобар на сите времиња? Секогаш зависи од тоа што гледате. Ако се гледаат само резултатите и параметрите за освоени титули, мислам дека Новак ќе заврши како најдобар на сите времиња. Го сметам Новак за мој добар пријател, секогаш било голем предизвик да се игра против него. Го добив во некои грен слем финалиња и тоа се едни од најубавите спомени, – признава Вавринка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни