Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го надигра Феникс во „Јане Сандански“

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Екипата на Вардар направи изненадување и го совлада Феникс 2010 со 80:71 во последната средба од второто коло во најсилната македонска кошаркарска конкуренција.

Феникс не е во посакуваниот ритам, форма на стартот на оваа сезона, па иако првите 10 минути ги одигра на задоволително ниво (18-12), останатите три четвртини минаа во знакот на вардарци кои сосема заслужено дојдоа до второто сезонско славје.

Бајрам беше лидер со 28 поени, Митков додаде 19, а двоцифрени број на кошеви дадоа уште Атанасов (10) и Луканоски.

Рис и Трајковски за поразениот тим искомбинираа 49 кошеви.

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

Феникс 2010 – Вардар 71:80

Еуро Никел 2005 – Кожув 80:73

Пелистер – Работнички 89:92

Охрид – Академија ФМП 82:66

ТФТ – Чаир 2030 77:66

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар 85:59

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни