Поврзете се со нас

Англија

Варан добил зелено светло да преговара со други клубови

Објавено

на

Манчестер Јунајтед одлучил да не го продолжи автоматски договорот на Рафаел Варан и Французинот од денеска има право да преговара со други клубови.

Дефанзивецот ја игра втората сезона на „Олд Трафорд“, во која најпрвин имаше проблем со повреда, а подоцна го загуби и местото во првиот тим, што беше показател дека менаџерот Ерик тен Хаг не е убеден дека треба да остане во клубот.

Варан дојде во Јунајтед во 2021 година со двегодишен договор и опција за продолжување за уште една сезона, но клубот нема да ја искористи истата, па сега агентите на Французинот ќе бараат нова дестинација за својот клиент.

По успешниот и трофеен период во Реал Мадрид, Варан беше доведен како големо засилување за Јунајтед, но не успеа да се наметне на ист начин како во редовите на шпанскиот великан.

Медиумите тврдат дека Јунајтед може да го промени ставот за статусот на Варан само ако фудбалерот прифати големо намалување на платата, но се чини дека тоа не е реална опција со оглед на фактот што дефанзивецот и натаму е атрактивно име за голем број клубови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни