Поврзете се со нас

Светски првенства

Ван Гал не е импресиониран: Холандија мора да подобри еден сегмент

Објавено

на

Холандија е прв четвртфиналист на Светското првенство во Катар, но селекторот Луи ван Гал смета дека неговите фудбалери мора да напредуваат барем во еден сегмент доколку сакаат поголем успех.

Искусниот тренер е задоволен од пласманот меѓу најдобрите осум, но смета дека амбициите мора да бидат многу поголеми.

– Мислам дека можеме подобро.

– Нашиот план е да отвораме слободен простор и да го користиме, но можеме и мораме да реагираме подобро кога ја имаме топката во посед.

– Често ја губиме топката без посебна причина, ова е сегмент во кој мора да се подобриме. Тоа посебно важи ако сакаме да станеме светски прваци, а сите го сакаме тоа.

– Четвртфиналето не е лошо, но ние размислуваме за место во финалето. Сега фудбалерите ќе добијат еден слободен ден, а потоа ги очекува уште еден тежок натпревар, – изјавил Ван Гал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни