Поврзете се со нас

АТП

Вајда го „пецна“ Федерер: Ќе му треба време да признае дека Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња

Објавено

на

foto:twitter.com/josemorgado

Новак Ѓоковиќ во изминатиов период е во фокусот на вниманието на тениската јавност, а причината за тоа е освоената титула на Ролан Гарос, пехар со кој стана најуспешен машки тенисер на грен слем сцената.

Ова за Србинот беше 23 трофеј на најголемите турнири со што изби сам на вечната листа или поточно го остави зад себе Рафаел Надал (22). Иако овој резултат беше остварен без него, Марјан Вајда засекогаш останува како еден од највлијателните луѓе во кариерата на Ѓоковиќ, тренер со кој првиот светски рекет освои многу пехари, па околу оваа ситуација свој збор имаше токму Словакот кој порача:

-Веднаш по натпреварот му испратив гласовна порака. Му кажав дека сум многу среќен што ја освои 23. титула. Неколку часа подоцна, тој одговори дека навистина тоа го цени, дека не заборава дека сè уште сум дел од неговиот тим и семејство. Прекрасни, трогателни зборови. Уживав во тоа како суверено ја освои титулата на земјена подлога, на најтешката подлога и најтешкиот грен слем за него, -порача Вајда за словачки „Шпорт“.

Вајда потоа даде коментар и за Рожер Федерер кој малку задоцни со честитката за Ѓоковиќ.

-Ќе му треба време за официјално да признае дека Ѓоковиќ е најдобриот играч на сите времиња. За тоа сега нема сомнеж. Со оваа форма и претходните резултати на Вимблдон, Новак е на пат до уште една титула за неколку недели во Лондон. Не би разговарал за односот со Федерер, но се зависи од големината на играчот за да признае дека Ѓоковиќ е подобар, -порача Марјан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни