Поврзете се со нас

АТП

Вајда: Ѓоковиќ не е готов, најдобар на светот…

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Марјан Вајда долго време беше дел од тимот на Новак Ѓоковиќ и дефинитивно е меѓу најзаслужните за тоа што Србинот е денеска, еден од најголемите тениски асови во историјата.

Секако Србинот полека забавува или барем така изгледа во оваа 2024 година во која нема ниту една освоена титула, па за Вајда според моменталната форма број еден е Јаник Синер.

-Јас би кажал Синер. Минатата година играше импресивен тенис, а оваа само напредуваше и покажа дека тоа може да го прави во континуитет. Мислам дека е голем фаворит да стане светски број 1. Го сметам и Карлос Алкараз за многу силен тенисер, но Синер во овој момент изгледа многу поконцентриран да го достигне врвот, -вели Словакот кој потоа говореше за Ѓоковиќ.

-Мислам дека Новак се обидува да се прилагоди и да го најде вистинскиот баланс. Тој веќе не може да ги игра сите турнири како порано. Календарот е полн, тој само треба да избере. Најголема мотивација за него се грен слемовите и олимписките игри, па мора да се посвети на подготовките и да тренира за да ја темпира формата. Реално, тој повеќе не може да биде толку фокусиран на другите турнири.

-Мислам дека вистинското прашање е дали ќе може да продолжи со победи и титули со овој нов метод на работа. Кога ги прескокнувате турнирите, може да се случи најважните турнири да ги дочекате помалку подготвени од вашите ривали кои постојано играат.

-Сепак Новак знае како да го направи тоа, тој е многу интелигентна личност и ниту еден од неговите најголеми конкуренти нема ни приближно толку искуство како него. Минатата година исто така пропушти некои важни турнири како Индијан Велс и Мајами, а потоа го освои Ролан Гарос, играше финалето на Вимблдон и го освои Ју-Ес Опен. Така ако ме прашате мене, мислам дека не заврши со освојување титули и оваа година ќе потврди по којзнае кој пат, -смета Вајда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни