Поврзете се со нас

Англија

Ужасни сцени од „Олд Трафорд“: Урина низ ходниците на славниот стадион (Видео)

Објавено

на

На социјалните мрежи се појавија ужасни и помалку неверојатни сцени од внатрешноста на еден од најлегендарните светски стадиони „Олд Трафорд“.

Домот на Манчестер Јунајтед според многу познавачи на фудбалот веќе одамна го има загубено својот сјај и веќе е време во него да се вложат значителни средства за негова санација.

Последното видео кое се појави во јавноста, а на кое се гледа како урина протекува низ ходниците на стадионот јасно го покажува тоа што во англиските медиуми се шпеулира веќе извесен период.

Пред неколку години беше снимено како кровот на „театарот на соништата“ прокиснува, а сега се појави и оваа снимка која уште еднаш докажа и покажа дека стадионот мора да се реновира.

Фановите се револтирани од односот на сопствениците во заминување, семејството Глејзер, кое воопшто не вложило пари за реновирање на легендарниот стадион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни