Поврзете се со нас

Италија

Ултрасите на Интер со порака за Лукаку: Тој што те изневерил, ќе го направи тоа повторно…

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Ромелу Лукаку дефинитивно веќе нема да го носи дресот на Интер, а останува отворено прашање дали ќе се реализираат најавите дека ќе го засили лутиот ривал Јувентус.

Односот на Белгиецот во преодниот рок и неговите контакти со „бјанконерите“ го натераа раководството да се повлече од преговорите за откупување на договорот од Челси, а истовремено тој си создаде нови непријатели во фан базата на Интер.

Ултрасите од „Курва Норд“ му испратија порака на Лукаку, потенцирајќи го својот став:

– Тој што те изневерил, ќе го направи тоа повторно, не затоа што ужива во тоа, туку затоа што тоа е дел од неговиот карактер.

– Никогаш веќе нема да си погледнеме во очи. Не изневери, ние те браневме во најтешките моменти и кога сите ти се потсмеваа, а сега ни забоде нож во грб.

– Се продаваш себеси на тој што нуди повеќе, а претходно го бакнуваше грбот на Интер. Пред да бидеш шампион, прво треба да бидеш човек, а ти не си, – велат навивачите во своето соопштение.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни