Поврзете се со нас

ВТА

Украинката мораше да ги менува плановите: Наместо на концерт на омилениот пејач, ќе игра осминафинале на Вимблдон (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wimbledon

Елена Свитолина во последно време повеќе се истакнува со одбивањето да се поздрави со тенисерките кои доаѓаат од Русија и Белорусија, но после подолг период, сега оставри и еден позначаен резултат на грен слем турнир.

Украинката имаше прилични тежок ждреб на стартот на Вимблдон и самата на верувала дека ќе ја „преживее“ првата недела, но откако се пласираше во осминафиналето, се најде во ситуација да ги менува своите планови.

Свитолина имала купено билети за концертот на својот омилен пејач Хари Стајлс, но сега ги подарува истите откако стана јасно дека нема никакви шанси да стигне во Виена.

Елена денеска попладне игра осминафинале против Азаренка, а преку својот официјален профил ги понуди своите билети на оние кои сакаат да одат на концертот.

– Требаше да одам на концерт на мојот омилен Хари Стајлс во Виена, но Вимблдон ми ги промени плановите. Сака ли некој да оди, имам две влезници, – порача Свитолина која во досегашниот тек на турнирот ги елиминираше Венус Вилијас, Елис Мертенс и Софија Кенин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни