Поврзете се со нас

Италија

УЕФА наскоро ќе ја соопшти казната, Јувентус го прифатил најавеното сценарио

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfcen

Казната која Јувентус ја доби во текот на веќе завршената сезона во Серија А, го остави без место во Лигата на шампионите, а италијанскиот клуб допрва официјално ќе дознае и каква ќе биде казната за истите престапи од УЕФА.

Европската фудбалска федерација деновиве ќе потврди каква ќе биде санкцијата за Јувентус, а европските медиуми јавуваат дека тоа ќе биде исклучување од европските купови претстојната сезона.

Во таков случај, Јувентус нема да игра во Конференциската лига, односно ќе паузира од Европа една сезона, но истовремено ќе биде сигурен дека би играл во следната сезона во Лигата на шампионите, со остварен Топ 4 пласман во домашното првенство.

Одлуката делува како компромис на УЕФА и раководството на Јувентус, бидејќи и настапот во Конференциската лига нема да биде посебно атрактивен за клубот и фановите.

Местото на Јуве во Конференциската лига ќе го заземе Фиорентина, која последната сезона стигна до финалето на ова натпреварување и загуби од Вест Хем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни