Поврзете се со нас

Англија

Тухел искрен: Нема потреба да се зборува за Лукаку после ваков меч

Објавено

на

Томас Тухел призна дека неговиот Челси бил инфериорен на дерби пресметката против Манчестер Сити и нагласи дека тимот на Пеп Гвардиола комплетно ја заслужил победата, изјава со која истовремено сакаше да симне голем дел од товарот кој новинарите се обидоа да го префрлат врз првиот напаѓач на домаќините.

Ромелу Лукаку речиси да немаше никаков учинот на „Стемфорд Бриџ“ и не претставуваше никаква закана кон добро организираниот тим на Сити, но Тухел вели дека Белгиецот бил комплетно изолиран во последната третина од теренот и нема никаква забелешка за него на индивидуален план.

– Мислам дека нема потреба да се зборува за Лукаку на овој меч, за тоа што се мачеше на теренот. Кога топката стигнуваше некако до Лукаку, нападот веќе беше полу-завршен бидејќи едноставно немавме доволно луѓе во нивната половина. Немавме верба во нашата игра и немавме добра конекција.

– Тоа треба да се признае и имавме тимски проблем. Немавме индивидуален проблем денеска, имавме проблем како тим и тоа треба да се признае. Сити беше подобар од нас како тим и тоа е тоа.

– Обично наша цел е да го ставиме противникот под притисок, но тоа Сити го направи со нас денеска. Беа подобри, посвежи и попрецизни во секој дел од играта. Ни недостасуваа многу работи како тим и немам проблем да го признаам тоа. Одиме понатаму, ова не е крајот, – изјави Тухел по поразот од 0:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни