Поврзете се со нас

Германија

Тухел директен: Оваа сезона ќе биде неуспешна и ако станеме шампиони

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен нема ништо во свои раце во пресрет на последното коло во Бундеслигата во кое тие му гостуваат на Келн, а главниот ривал за пехарот Борусија Дортмунд го пречекува Мајнц.

„Милионерите“ се во пол позиција и секоја победа за нив ќе значи сигурен пехар во шампионатот, прв па пауза од една деценија. Баварците пак ќе треба да си ја завршат својата задача, но и се да мине како што треба и тие да станат шампиони тоа според тренерот Томас Тухел нема да ја подобри генералната слика за оваа сезона.

-Ова е наша грешка, наша одговорност. Се разбира, ќе се обидеме да останеме до крајот на трката, бидејќи имаме обврска да дадеме се од себе до самиот крај.

-Ова нема да биде сезоната со која ќе бидеме задоволни. Тоа не е кампања во која имаме доволен број на поени, во кои квалитетот на играта беше задоволителен. Без оглед како ќе заврши, сезонава ќе биде неуспех, – порача Тухел.

Великанот од Минхен претходно се „лизна“ и во Купот на Германија и ЛШ, па сигурно ќе сака што побрзо да ја заборави натпреварувачката 2022/2023.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни