Поврзете се со нас

Македонија

Тројца играчи си заминаа од Воска Спорт, ангажирани се Исени и Мустафа

Објавено

на

foto: FB/F.C Voska Sport

Новиот македонски фудбалски прволигаш Воска Спорт продолжува да влече потези и на тој начин да го гради составот за престојната кампања 2023/2024.

Тројца играчи нема повеќе да ги гледаме во клубот од Охрид вклучувајќи го тука и капитенот Изаир Емини. Емини заедно со Ардит Демири и Илјас Чилафи нема повеќе да ги бранат боите на овој тим.

Во исто време договорени се две засилувања кои и се добро познати на домашната сцена, тоа е голманот Бурхан Мустафа и некогашниот член на Вардар и Шкупи, Бесир Исени.

Потврдени засилувања се уште Никола Стијеповиќ, Алекса Марушиќ и Николче Шаркоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни