Поврзете се со нас

Франција

Тренерот на ПСЖ се налути: Перфекционистот Енрике збесна по еден потег на Донарума (ВИДЕО)

Објавено

на

Пари Сен Жермен оствари сигурна и убедлива победа на вчерашното гостување кај Лион од 4-1, победа која беше обезбедена уште во првиот дел со оглед на тоа што „светците“ ги дадоа сите голови во оваа фаза.

Меѓутоа и добрата игра во тој период не го задоволи тренерот Луис Енрике кој во една ситуација му се налути на голманот Џанлуџи Донарума.

Познато е дека популарниот Лучо сака игра, движење на топката од нога на нога, односно сака тоа да го прави и голманот, акциите да започнат токму од него.

Донарума не ја спушти топката на тревникот, па иако акцијата на крајот заврши со гол, реакцијата на Енрике јасно говори што мисли за одлуката на Италијанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни