Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тренерот на Борусија: Тешко е да го анализираш Челси по таков преоден рок

Објавено

на

Борусија Дортмунд го има Челси за противник во осминафиналето на Лигата на шампионите, а тренерот Един Терзиќ на интересен начин го претставил квалитетниот противник пред ривалите.

Терзиќ вели дека тој и неговиот стручен штаб одамна почнале со анализа на противникот, но дека ситуацијата станала комплицирана по преодниот рок во кој Челси потроши неверојатно голема сума и доведе многу квалитетни играчи.

– Навистина е тешко да се направи анализа за ваков противник, дел од фудбалерите им заминаа, а истовремено доведоа многу засилувања.

– По ждрепката гледавме нивни натпревари, но тоа паѓа во вода по јануарскиот преоден рок. Го анализиравме и списокот за ЛШ, а на него е додаден играч како Жоао Феликс.

– Ќе мора да се подготвиме за повеќе ситуации и варијации на теренот, – изјавил тренерот на Борусија.

Натпреварот се игра вечерва од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни