АТП
Тони Надал: Рафа е навикнат да се бори, не знам кога…

Рафаел Надал веќе неколку месеци не е активен на голема сцена по повредата која ја заработи на Австралија Опен што секако ги загрижува сите неговите подржувачи, но и сите вистински фанови на тенисот.
Иако се очекуваше тој да се врати на терените на почетокот на сезоната на земја на турнирот во Монте Карло тој го откажа настапот на Мастерсот и останува отворено прашањето кога официјално ќе може да направи кам-бек. Со оглед на возраста и историјата со повреди се почесто се поставува парашањето до кога Шпанецот ќе го гледаме на терените, но на тој одговор нема ниту неговиот чичко Тони.
-Јас навистина не знам кога Рафа ќе се повлече. Мислам дека ќе игра сè додека чувствува дека може да победува. Сето тоа зависи од неговите игри и од можноста за тренира. Потоа ќе видиме, -вели Тони кој е убеден дека Рафа се уште може да ги освојува најголемите титули.
-Тој е навикнат да се бори. Рафа тоа го знае, во тенисот како и во животот работите никогаш не одат совршено. Мора да бидете подготвени да работите напорно кога работите не одат добро. Да играте добро кога не оди, не е лесно, но не е премногу тешко. Важно е да бидете фокусиран на тоа да бидете најдобри во она што го правите, -заклучи човекот кој долги години беше во првите редови со големиот грен слем шампион.
-
Англијапред 24 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 23 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Англијапред 21 час
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
Англијапред 8 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)