Поврзете се со нас

Европски првенства

Томовски: Германците се машинерија, секоја наша грешка ја казнија со лесен гол

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Берлин, Ристе Влахов

Македонија го претрпе и вториот пораз на Европското првенство овојпат од домаќиниот Германија кој во Берлин не совлада со 34:25.

Нашиот национален тим се обидуваше да се носи со фаворитот, меѓутоа има разлика во квалитет и тоа се виде, почувствува на теренот каде Германците „танцуваа“, а во исто време знаеја и да ги искористат нашите грешки.

-Игравме во одлична атмосфера. За Германците, веќе претходно кажав се „машинерија“. Така што не простуваа и секоја наша техничка грешка ја казнија со лесен гол. На ред е Швајцарија, го гледавме нивниот меч со Франција, изгледаше како една различна Швајцарија од оној прв меч со Германија. Одбраната им донесе нерешен резултат. Мора да се подготвуваме за тој последен натпревар во групата, максимално да се спремиме и да направине нешто повеќе на таа средба, – истакна голманот Мартин Томовски.

Пешевски по поразот од Германија: Мора да учиме од подобрите од нас

Кузмановски: Ја поправивме играта во одбраната, но…..

Средбата Македонија-Швајцарија се игра во вторник од 18 часот.

Лазаров: Не можам да бидам задоволен, примивме многу голови од продадени топки

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни