Европски првенства
Лазаров: Не можам да бидам задоволен, примивме многу голови од продадени топки

Специјален известувач за „Дерби“ од Берлин, Ристе Влахов
Македонија со вториот пораз на Европското првенство остана без шанси за пласман во втората фаза на турнирот, нешто што сепак можеше да се очекува со оглед на ривалите кои ги добивме во групата А.
По поразот од Франција, пристигна и втор неуспех во дуелот со домаќинот Германија, ривал кој во овој момент е барем за една класа подобар од избраниците на Кирил Лазаров.
Македонскиот селектор веднаш по крајот на мечот посочи дека не е задоволен од изданието на неговите ракометари, особено поради тоа што нашите ракометари повторно подарија двоцифрен број на топки и дополнително им ја олеснија работата на Германците.
– Да бидам искрен, не можам да бидам задоволен од тоа што го прикажавме денеска. Имавме некои добри моменти на натпреварот, но и слаби моменти со голем број грешки. Со 15 технички грешки на вакво ниво, не ни можете да поставите одбрана против тим како Германија.
– Примивме многу голови од продадени топки, им дозволувавме да даваат голови во серија и така се реши мечот. Се обидовме да дадеме отпор, но лошо отворивме и тоа беше клучно за овој пораз. Треба да се биде реален, Германија е за класа подобра од нас во овој момент. Ние видовме млади ракометари на највисока сцена, но треба да сфатиме дека ни треба многу работа. Во моментов не е реално да очекуваме победи против Франција и Германија.
– Сега имаме еден ден пауза, а потоа играме со Швајцарија. Ако може со некој да се носиме, тоа е со Швајцарија, но видовме како одиграа тие денеска против Франција, – изјави Лазаров.
-
Англија17 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија15 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
НБА23 часа
Татко на НБА ѕвезда исфрлен од арената на барање на судиите (Видео)
-
Свет24 часа
Олимпија Милано со два збора ги опиша движењата на Димитријевиќ: Класа и елеганција (Видео)
-
АБА лига22 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија23 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија19 часа
Валенсија оствари победа вредна „шест“ бода (ВИДЕО)