Поврзете се со нас

Европски првенства

Пешевски по поразот од Германија: Мора да учиме од подобрите од нас

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Берлин, Ристе Влахов

Македонската ракометна репрезентација загуби и од Германија во групната фаза на Европското првенство, со што натпреварот против Швајцарија и дефинитивно ќе го решава прашањето околу амбициите за пласман во следната фаза.

Жарко Пешевски е еден од поискусните играчи во оваа репрезентација, а по натпреварот истакна дека противникот стигнал до победата на домашен терен најмногу поради поквалитетниот ростер со кој располага.

– Германската репрезентација одигра супериорен меч бодрена од домашната публика, а ние париравме колку што можеме, но на крајот пресуди квалитетот.

– Нам ни останува да работиме, да учиме од подобрите. Ако направевме помалку грешки и резултатот ќе беше пореален, разликата ќе беше помала.

– Повторно направивме многу технички грешки, секојдневно работиме на тоа да бидеме подобри, но во овој случај пресуди и разликата во квалитет, – истакна Пешевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни