Поврзете се со нас

Европски првенства

Кузмановски: Ја поправивме играта во одбраната, но…..

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Берлин, Ристе Влахов

Новиот убедлив пораз на Европското првенство во Германија не остави без шанси за пласман во следната фаза, но нашите ракометари ќе треба да играат за престиж на натпреварот кој следи за два дена.

Уште во почетните калкулации за овој континентален турнир, беше јасно дека единствена шанса за бодови и победа ќе ни биде дуелот со Швајцарија, а впрочем дознавме дека Франција и Германија се барем за една класа подобри од нас во овој момент.

Филип Кузмановски беше еден од ракометарите кои застанаа во микс-зоната и кои дадоа изјави за македонските новинари, со тоа што бекот на Еурофарм Пелистер нагласи дека денеска биле казнети за сите грешки кои ги направиле во фазата на напад.

– Доволно анализиравме после мечот со Франција, знаевме против кого играме и дека не чека полна сала која ќе навива за Германија. Знам како функционира ситемот во Германија, не казнија за секоја грешка која ја направивме. Ние ја поправивме играта во одбраната, бевме поборбени од мечот со Франција, но самиот резултат кажува дека тоа не беше доволно.

– Честитки за Германија, за нас животот продолжува напред. Не може да се каже многу после ваков пораз. Следен е мечот со Швајцарија, имаме еден ден одмор, а потоа ќе дадеме се од себе. Играме за себе, за Македонија, за нашите навивачи. сакаме да го дадеме најдоброто од нас, денеска не беше така, но ќе се потрудиме да бидеме подобри против Швајцарија. Мораме да одиме напред, – изјави Кузмановски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни