Поврзете се со нас

Формула 1

Тод со нови детали за Шумахер, одби да одговори на едно прашање и ги загрижи фановите на Германецот

Објавено

на

Човекот кој долги години беше тимски шеф на Ферари и во чие време се остварија најголемите успеси на клубот во Формула 1, Жан Тод, се реши повторно да проговори за ситуацијата околу еден од најдобрите пилоти во овој спорт, Михаел Шумахер.

Тод е еден од малкумината на кои му е дозволено да го посетува Михаел Шумахер кој веќе осум години е далеку од очите на јавноста по страотниот пад на француските Алпи. При падот Шуми заработи тешки повреди на мозокот, па малкумина знаат каква е неговата состојба.

Тод уште еднаш зборуваше за истата, без притоа да даде нови информации. Сепак, еден негов гест на новинарското прашање загрижи многу од љубителите на Формула 1 спортот.

– Можам да разберам зошто неговото семејство и пријателите го штитат, мора да го оставиме на мир. Михаел се бори, се бори со сета сила и ние се надеваме дека ќе постигнува напредок, -изјавил Тод кој потоа бил запрашан дали долго време минува во куќата каде Шумахер се рехабилитира.

– Да, прилично долго време. Ако Корина е тука, заедно вечераме, ако не е, го минувам времето насамо со Михаел, но…, -завршил Тод.

За крај, Жан Тод бил запрашан дали Михаел Шумахер го препознава својот некогашен шеф, на што тој ги подигнал рамениците, упатил кисела насмевка и одбил да даде одговор.

Ваквиот негов гест ги загрижил фановите и целокупната јавност за процесот на рехабилитација на Шумахер, за кој многу малку се знае во јавноста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни