Поврзете се со нас

Формула 1

Тимското радио на Гасли мораше да биде цензурирано по неверојатната победа во Италија (Видео)

Објавено

на

Пјер Гасли стана првиот Французин по Оливие Пани кој победил на една трка во Формула 1, а за да се случи тоа, требаше да поминат точно 24 години.

Последен пат Французин на врвот на пиедесталот во „најбрзиот циркус“ гледавме во 1996-та година, но сега крај на тој долг период стави неверојатниот Гасли кој денеска триумфираше на трката за Големата награда на Италија која ни понуди филмско сценарио.

Гасли стигна до својата прва победа во кариерата на легендарната патека Монца, откако го искористи целиот хаос и рестартот на трката за да избие на чело, а потоа и со судни маки да се одбрани од налетите на Карлос Саинц кој исто така бркаше премиерна победа во Формула 1.

Дваесет и четиригодишниот Французин оствари успех од епски размери, бидејќи целната линија ја мина прв како член на малиот тим Скудерија Алфа Таури, па не ни чуди што толку еуфорично ја славеше победата, а тимското радио мораше и да титка и да биде цензурирано поради пцовките што ги употреби.

– Што направивме, што ли е..но направивме, – викаше Гасли веднаш по трката, а потоа остана и сам на пиедесталот, соземајќи се од големиот подвиг кој го направи.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни