Поврзете се со нас

Македонија

Тиквеш профитираше од црвените картони на Скопје и освои важни три бода

Објавено

на

Во директната битка за опстанок во Првата македонска фудбалска лига, Тиквеш успеа да го победи Скопје во Кавадарци и со тоа го прескокна на табелата како тим кој е на деветтото место.

Кавадарчани максимално профитираа од лошите потези на гостите од македонската престолнина, кои на крајот мечот го заврши со двајца играчи помалку и со три гола во својата мрежа.

Работата за Тиквеш беше олеснета кога по триесетина минути црвен картон заработи Димов, а пред крајот на првиот дел Нгоба погоди за 1:0 и водство пред продолжението.

Истиот играч погоди за 2:0 на стартот на вториот дел, по што следеше уште едно исклучуваање за гостите, по кое стана јасно дека Скопје нема што да бара на ова гостување.

Десниќ исто така заработи втор жолт картон, а во финишот конечните 3:0 ги постави Ризов со голот во 88-та минута. Со трите бода, Тиквеш го прескокна ривалот на табелата, но има дури седум бода помалку од Работнички кој е во сигурната зона како осмопласиран (28 бода).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни