Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тухел ја промени изјавата за Гнабри откако напаѓачот не постигна гол против Реал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Тухел се обиде да биде добар прогнозер и типуваше дека Серж Гнабри ќе биде стрелец на гол против Реал Мадрид, но откако тоа не се случи вчера на „Алијанц арена“, новинарите не пропуштиле да му постават интересно прашање на пресот.

Германскиот стручњак беше пресамоуверен и со сигурност тврдеше дека Гнабри ќе се запише во листата на стрелците, меѓутоа уште поголемо изненадување беше тоа што Серж не се најде во стартната постава.

Репрезентативецот на Германија доби шанса во завршницата и немаше некое посериозно влијание врз играта, но Тухел не се откажува од својот став и сега малку ја промени изјавата за да се справи со инсистирањето на новинарите.

– Тој ќе постигне гол против Реал. Ова беше само прво полувреме. Имаме второ полувреме на „Бернабеу“ и тој ќе постигне гол таму, – изјави Тухел.

Гнабри беше надвор од тренажен процес во изминатите три недели и најверојатно Тухел не сакаше да ризикува со него, па така место во стартниот тим доби Милер кој одигра извонреден натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни