Поврзете се со нас

АТП

Алкарас отвори одлично, па доби тениска лекција од Рубљов (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Карлос Алкарас немаше загубено на шпанско тло од 2021-ва година, но на оваа неверојатна серија и дојде крајот, и тоа во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид каде беше бранител на титулата.

Шпанскиот тенисер доживеа пораз од расположениот Андреј Рубљов и мораше да му подаде рака и да му честита на Русинот, кој во вториот и третиот сет делуваше како ураган и можеби го одигра и најдобриот тенис во кариерата.

Алкарас почна одлично и го доби првиот сет со 6:4, но тоа го разбуди гневот кај Рубљов кој почна да игра моќно и агресивно, но и максимално прецизно од основната линија.

Андреј доминираше во секој тениски сегмент и ги доби наредните два сета со 6:3 и 6:2, па така му нанесе навистина тежок удар на Алкарас, кој може да падне на четвртото место на АТП листата доколку Медведев стигне до полуфиналето во Мадрид.

За Рубљов пласманот во полуфиналето е најдобар резултат на земјена подлога оваа сезона, а во таа рунда ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Серундоло и Фриц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни