Поврзете се со нас

Англија

Напаѓачот на Вест Хем откри каква порака му испратил нервозниот Клоп на Салах

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Вест Хем и Ливерпул ги поделија бодовите изминатиов викенд и одиграа реми со четири постигнати гола, но по крајот на натпреварот најмногу се зборуваше за тензијата која ја имаа Јирген Клоп и Мо Салах.

Менаџерот на Ливерпул влезе во расправија со својот напаѓач пред Египќанецот да влезе во игра, па во ситуација кога англиските медиуми ангажираа и експерти за читање на усни за да дознаат што си кажале двајцата еден на друг, денеска пристигна сведоштво од фудбалер кој беше на теренот.

Антонио со години наназад е еден од најважните играчи на Вест Хем и најчесто го привлекува вниманието поради постигнати голови, но сега тоа е така поради изјавата која ја даде за клинчот меѓу Јирген и Салах.

– Ова не е инсајдерска информација, туку информација од тоа што го слушнавме, тоа што го слушнавме со момците. За ова се зборуваше и во тренинг центарот. Клоп обично ги прегрнува своите играчи и им посакува среќа за играта на теренот.

– Салах замина во друг правец кога Клоп го направи тоа и тоа не му се допадна на Јирген. Го праша дали сака да го врати назад на клупа…… Тоа беа зборовите на Клоп, а никој не знае што возврати Салах. Тоа беше интересна ситуација за сите, – гласи изјавата на Антонио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни