Поврзете се со нас

Италија

Италија го доби првиот патник во Серија А, фудбалските фанови не го кријат задоволството (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ParmaCalcio_en

На две кола пред крајот на сезоната во италијанската Серија Б го дознавме и првиот патник во елитното друштво, а тоа е славната Парма која низ историјата донесе многу убави спомени во Серија А.

По три години минати во втората лига, Парма се враќа во италијанската фудбалска елита и ќе биде дел од Калчото наредната сезона, откако денеска и математички ја обезбеди промоцијата во повисок ранг.

Ремито на гостувањето кај Бари со резултат 1:1 донесе потврда на една од првите две позиции на табелата, а доколку победи во претпоследното коло, Парма ќе го завери и првото место.

Тоа е најмалку важно во овој момент, бидејќи верните навивачи на Парма почнаа со прослава на успехот кој го оставри тимот предводен од Фабио Пекија, а истото важи и за неутралните фудбалски фанови кои сметаат дека овој тим се враќа онаму кадешто припаѓа.

Како што стојат работите, многу блиску до пласман во Серија А е и Комо, клуб кој ваквиот статус може да го обезбеди во следното коло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни