Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Маркињос за мајсторијата на Филкруг: Цела недела зборувавме една иста работа, а на крајот…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

ПСЖ создаде многу добрри шанси во второто полувреме и беше блиску до израмнувачки гол, но на крајот можеше да мине и полошо и да прими и втор од Борусија Дортмунд.

Такво нешто не дозволи капитенот Маркињос кој херојски реагираше и го блокираше Брандт во 84-та минута, потег кој може да има и круцијално значење во една ваква израмнета полуфинална фаза во Лигата на шампионите.

Борусија ќе патува во Париз со минимална предност благодарение на голот на Филкруг, но Маркињос не планира да се предаде и најави дека во Париз ќе мора да ги поправат деталите пред противничкиот гол.

– Ова беше натпревар во кој два тима сакаа да напаѓаат и се играше офанзивен фудбал. Резултатот е малку фрустрирачки за нас, особено поради шансите во второто полувреме. На вториот меч ќе мора да ги поправите деталите кои прават разлика пред двата гола.

– Знаевме што не чека, знаевме каков плус добиваат од навивачите, а примивме гол каков што не смееме да примиме. Цела недела зборевме за ова, зборувавме дека не смееме да дозволиме пас во простор, а на крајот примивме таков гол. Се договоривме дека такво нешто не смее да ни се случи, но на крајот ни се случи. Резултатот е активен и се останува отворено за реваншот. Знаеме дека можеме многу подобро и ќе се обидеме да направиме пресврт вреден финале во Лига на шампиони, – изјави Маркињос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни