Поврзете се со нас

Македонија

Тиквеш го ангажираше Стојановиќ: Ќе се бориме за секој бод во плејофот

Објавено

на

Тиквеш важеше за крајно незгоден ривал во првиот дел од сезоната и покажа дека поседува квалитет за големи резултати, а тоа особено важи во ситуација кога игра на домашен терен.

И покрај добрите изданија, ракометниот клуб од Кавадарци реши да направи една важна промена за време на зимската пазуа, па така откако му се заблагодари на Никола Матлиески, денеска го промовираше новиот тренер.

Станува збор за добро познато име во македонскиот ракомет, односно за актуелниот селектор на младинската селекција Раде Стојановиќ.

– Своите ракометни почетоци ги имав во овој регион па сега е време со својата работа да возвратам на регионот од чија ракометна школа излегоа квалитетни ракометари.

– Се радувам што сум тука во улога на тренер и познавајќи го менталитетот на регионот, знам и верувам дека ќе се бориме на секој натепревар и за секој бод во плејофот, – изјави Стојановиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни