Европски купови
ТФТ и Куманово ќе играат квалификации за ФИБА Еврокупот во Русија и Холандија

Екипите на ТФТ и Куманово се одлучија оваа сезона да се испробаат на едно повисоко ниво и да се натпреваруваат во ФИБА Еврокупот, меѓутоа за да стигнат до главниот дел ќе мора успешно да ги минат квалификациите.
ФИБА ги објави градовите домаќини на квалификациските турнири и тоа се Гронинген, Софија, Краснојарск и Парну. За нас или поточно македонските клубови најважни се случувањата во Холандија и Русија.
Куманово ќе игра во Гронинген и ако во првото елиминациско коло биде подобар од Свонс Гмунден од Австрија тогаш во полуфиналето ќе се соочи со домаќинот Донар Гронинген. Во овој дел се уште Бенфика и Волунтари.
ТФТ пак го очекува долго патување во Русија и тоа во Краснојарск. Таму клубот од Тафталиџе ќе излезе на мегдан Натуртекс-СЗТЕ-Сегед од Унгарија, во случај да нашиот претставник слави тогаш ќе се соочи против Меди Бајројт.
Дел од турнирот се уште Енисеј и Хапоел Хаифа.
Инаку сите турнири ќе се играат помеѓу 28. септември и 1. октомври, со исклучок на Турнирот „Б“ во Софија, кој ќе започне на 29. септември бидејќи нема четвртфинале.
-
Шпанијапред 22 часа
Модриќ: Сега цел свет се запозна со нешто што јас го знаев со години
-
Шпанијапред 15 часа
Бензема: Не очекував дека ќе го дочекам ова во Реал
-
Лига на шампионипред 23 часа
Ристовски не се согласува со хрватската јавност по чудниот меч на „Максимир“: Таков е фудбалот
-
Англијапред 21 час
Поранешен голгетер на Ферги му се нуди на Јунајтед: Би играл гратис за нив
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти исклучи првотимец од тренингот, разочарувањето кај играчот за врска беше големо (Видео)
-
Италијапред 10 часа
Ди Канио го истакна фаворитот за скудетото и објасни зошто не е воодушевен од Лукаку
-
Англијапред 20 часа
Тухел најмногу жали за една промена во клубот: Ми недостасува легендата на Челси
-
Македонијапред 19 часа
Легендите живеат вечно: Почина Кирил Дојчиновски, првиот Македонец кој беше дел од СП