Поврзете се со нас

Македонија

ТФТ го сопре налетот на разиграниот Пелистер и продолжи да се искачува на табелата

Објавено

на

ТФТ Скопје имаше доста лош и турбулентен старт на сезоната, но вечерва само потврди дека полека се консолидира и тоа го направи со победа над разиграниот тим на Пелистер.

Тимот од Тафталиџе стави крај на успешната серија од осум победи во низа на Пелистер во домашното првенство, откако вечерва на Кале славеше во меч кој го диктираше во текот на сите четири четвртини.

Домашните кошаркари наметнаа посакуван ритам и дозволија предност на гостите само во неколку наврати, а најавата за победата стигна на крајот од третиот период кога ТФТ отиде на плус 11.

Двоцифрената предност беше најдобра најава за одлучувачката четвртина, во која Пелистер се обиде да се врати, но сепак немаше сили за комплетен пресврт.

ТФТ со триумфот од 95:90 стигна до шестата победа во шампионатот и се искачи на третото место, додека ова беше прв пораз за Пелистер по оној стартниот од Гостивар во првото коло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни