Поврзете се со нас

Дејвис куп

Тенисерите поразени од Кипар, следи борба за опстанок во третата европска зона

Објавено

на

Македонската Дејвис куп репрезентација доживеа уште еден пораз, овојпат од домаќинот Кипар со максимални 3-0.

Со овој пораз ги загубивме шансите за напредок во ова натпреварување, поточно утре против Сан Марино ќе играме за опстанок во Третата Европска зона.

Што се однесува до денешните дуели,  Амар Хусеиновиќ загуби од Стилианос Христодулу со 2-0 во сетови, додека Обрад Марковски беше совладан од Менелаос Естатиу со 6-1 во 6-2. Во комбинација на двојки Марковски и Хусеиновиќ загубија со 2-0 во сетови (60 64) од Сергис Кирацис и Елефтериос Неос.

Утре на последниот ден ќе се играат три дуели: Естонија – Молдавија за прво место (двете селекции ќе играат следната сезона во првото коло од Втората зона Светска група), Кипар – Црна Гора ќе играат за трет место победникот ќе им се приклучи на Молдавија и Естонија, додека во третиот дуел Македонија – Сан Марино играат за остаување во Третата Европска зона. Селекцијата на Малта е последна и следната сезона ќе игра во четвртата Европска зона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни