Поврзете се со нас

Англија

Таткото на аргентинскиот репрезентативец потврди: Ни се јавуваат клубови, парите не ни се важни

Објавено

на

Светскиот шампион со репрезентацијата на Аргентина и член на тимот на Брајтон, Алексис Мекалистер се наоѓа на радарот на многу големи клубови откако остави одлични импресии на Мундијалот во Катар, а веќе две години игра стандардно во англискиот премиерлигаш.

Дека интерес од големите клубови постои потврди и неговиот татко кој истакна дека веќе почнале да добиваат повици од заинтересирани страни.

Таткото на Мекалистер исто така истакна дека парите нема да бидат пресудни во одлуката каде ќе продолжи играчот, туку дека тоа ќе биде тренерот и проектот на новиот клуб, притоа додавајќи дека за трансфер ќе се прашува и тимот на Брајтон.

– Клубовите почнаа да се јавуваатза Алексис, но засега нема ништо конкретно. Ќе одлучиме што ќе се случи со него заедно со Брајтон, затоа што тоа е клуб кој ја заслужува сета наша почит.

– Заедно ќе го одбереме најдобриот проект кој ќе е базиран од тренерот, а парите нема да не интересираат, -изјави таткото на Мекалистер.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни