Поврзете се со нас

Шпанија

Тага и разочарување: Првите реакции на играчите на Реал по заминувањето на Бензема (Фото)

Објавено

на

Карим Бензема денеска ќе го одигра последниот натпревар во белиот дрес на Реал Мадрид, со што ќе стави крај на една незаборавно успешна ера која траеше точно 14 години.

После огромни успеси и 25 освоени трофеи во првиот тим на Реал, Бензема донесе одлука да го напушти „кралскиот клуб“, а откако тоа беше потврдено и од страна на клубот, фановите и соиграчите почнаа да се простуваат со Французинот.

Бензема ќе остане запаметен како еден од најдобрите напаѓачи кои го носеле дресот на великанот од шпанската престолнина, но и како пример за тоа како треба да се однесува еден професионалец.

Карим ги мина тивко години во кои главна ѕвезда на тимот беше Кристијано Роналдо, за потоа да прерасне во вистински лидер на тимот и да ги прикаже најдобрите партии во кариерата.

Бензема е актуелната „Златна топка“ и како таков си оди од „Сантијаго Бернабеу“, а неговото заминување донесе разочарување и тага кај неговите фудбалери, од кои прво се огласија Чуамени и Винисиус Жуниор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни